Добре дојдовте

Добре дојдовте на официјалниот сајт на претставништвото на Messe Frankfurt во Северна Македонија

Messe Frankfurt: Бизнис модел за глобално работење

Компанијата Messe Frankfurt е најголема светска саемска, конгресна и организација за настани со сопствен изложувачки простор. Веќе 800 години ги собираме луѓето на нашите настани, како во Франкфурт, така и ширум светот. Без оглед дали се работи за нашите саеми, конгреси или други настани, дигитални или аналогни услуги – сé што работиме е секогаш фокусирано врз интеракција помеѓу луѓето. Тоа го усовршувавме низ долгогодишна историја. Со околу 2.600 вработени на 30 локации ширум светот, со секојдневен труд ги унапредуваме интересите на нашите корисници. Тоа го потврдуваат повеќе од 4,5 милиони посетители и 100.000 изложувачи, кои веруваат во ефикасноста на нашата меѓународна мрежа и во квалитетот на нашите саеми. Messe Frankfurt ги собира идните трендови со нови технологии, луѓето со пазари и понудата со побарувачката. Таму каде што се спојуваат различни перспективи и индустриски сектори, ние создаваме можности за воспоставување на нови проекти, деловни модели и соработка.

Претстојни саеми

Почитувани корисници, нашиот сајт користи колачиња (cookies) со цел давање на најдобро искуство. Со користењето на нашата интернет страница, се согласувате со користење на колачињата. Повеќе информации