Доаѓање

Messe Frankfurt се наоѓа во срцето на Европа. Во Франкфурт и околината ќе најдете голем избор на хотели. Тука ќе пронајдете најважни информации за Вашето доаѓање, како и совети за Вашиот престој.

Доаѓање од аеродромот

Од аеродромот во Франкфурт треба 15 минути возење со автомобил или такси до саемот - влез City/Festhalle (“Eingang City/Festhalle”), влез Galleria (“Eingang Galleria”) или влез Portalhaus (“Eingang Portalhaus”). Од аеродромот до саемот можете да дојдете и со линии на метро S8 или S9 (во насока на Ханау или Офенбах Ост) до главната железничка постојка во Франкфурт ("Hauptbahnhof"). На таа постојка преседнувате на S3, S4, S5 или S6 кои Ве возат директно до саемот (постојка: "Frankfurt (Main) Messe").

Доаѓање од главната железничка постојка

Главната железничка постојка во Франкфурт е оддалечена само неколку стотици метри од саемот - Messe Frankfurt. Подземните железници - S-Bahn и U-Bahn – даваат брз и директен пристап до саемот (линиите S3, S4, S5 или S6). Покрај тоа, од главната железничка постојка до саемот можете да дојдете со трамвај или такси. Ако повеќе сакате да шетате, патот до саемот ќе трае околу 10 минути.

Влезниците кои имаат ознака на RMV мрежа овозможуваат бесплатно користење на јавниот превоз (освен VIP влезници и ваучери). Тие вклучуваат бесплатно патување до и од саемот во областа на која сообраќа Rhein-Main-Verkehrsverbund (RMV) јавниот превоз. Еднодневните карти важат за јавен превоз само тој ден.

Влезниците купени онлајн (претходно отпечатени) Ви овозможуваат бесплатно користење на јавниот превоз RMV со важечки документ – пасош (или лична карта, доколку сте државјанин на некоја од членките на ЕУ).

Повеќе информации

Доаѓање по автопат

Франкфурт е одлично поврзан со автопатишта. Следете ги знаците кои по најкраток пат ќе Ве донесат до Messe Frankfurt. Во околината на саемот имате на располагање голем број паркиралишта. За време на саемите, кога паркингот Rebstock е во функција, бесплатниот шатл бас ќе Ве донесе директно до халите.

Почитувани корисници, нашиот сајт користи колачиња (cookies) со цел давање на најдобро искуство. Со користењето на нашата интернет страница, се согласувате со користење на колачињата. Повеќе информации